За Нас
Dance Studio Mak ( Здружение Танцов Спортски Клуб Мерлин) предводено од Мерлин Стојановска е оформено во 2011 година како правно лице застапувано од Мерлин Стојановска која е долгогодишен член на Студиото за модерен танц МАК кое работи од 1987г во Центарот за култура како матична форма.
Кореографија, лиценци и професионално усовршување
Во групата останува да членува се до својата деветнаесетгодишна возраст, кога за првпат станува и кореограф. Своето кореографско образование продолжува да го гради преку семинари и различни форми на балетска едукација надвор од државата. Во 2024 и 2025г. своето танцово искуство го проширува во Њујорк на танцова академија Broadway Dance Center и
Peridance Dance Center, како и во Millenium Dance Center во Лос Анѓелес во Калифорнија. Своето кореографско дејство го продолжува во градот Штип и Куманово. Во 2014 г станува главен тренер и кореограф на групата ,, МАК,,. Мерлин Стојановска како главен кореограф на Dance Studio Mak е лиценциран тренер по модерни и спортски танци од 2018г.
Настапи, натпревари и постигнувања
Со групата настапува на домашни натпревари, фестивали, програми, театарски сцени и на различни културни програми и настани во градот и надвор од него. Надвор од границите постигнува со години наназад одлични резултати на бројни меѓународни натпревари меѓу кои еден од престижните натпревари е прво место на ,, Денс Фест ,, Нови Сад во Србија од 2012-2024г, во категорија деца и младинци, прво место во Словенија, во Брежице 2019- 2025г, во категорија деца и младинци ,прво место во Албена и Хасково во Бугарија , во категорија деца и младинци ,прво место во Рим, Италија 2016г во категорија деца и младинци и многу други натпревари и фестивали. Во февруари 2020 г освои 2 први места во категорија деца, во март 2020
год на светско првенство во Москва , Русија освои 4 златни медали во категорија јуниори и сениори, во 2021 год во Рим освои 1 место на светско првенство. Забележува успех на многу европски натпревари како што се во Загреб,Осијек,Вараждин и Задар во Р Хрватска, Виена, Австрија, Прага, Чешка и др. Во 2024г во Подчетртек, Словенија на европско првенство во модерни танци IDO во соврменен танц соло категорија деца го освоио 19 место од 62 натпреварувачи. На домашни фестивали и национални натпревари континуирано ги држи првите три места во сите категории и стилови. Редовни гости се на хрватските фестивали за дружење и едукација на
танчери и тренери Плесоказ и Плесни фестивал во Задар.
Запознајте ги нашите тренери
Мерлин Стојановска
педагог, кореограф и меѓународен судија
Дамјан Клековски
кондиционен тренер и тренер по гимнастика
Нина Петрушевска
асистент кореограф, балетски педагог
Лука Илиевски
асистент
Јована Стојановска
асистент
Кјара Ристиќ
асистент
Ана Марија Стојановиќ
асистент
Андреј Стојановски
маркетинг
Тони Стојановски
техничка поддршка
Мерлин Стојановска
Мерлин Стојановска родена на 27.6.1977г во Куманово. Средно училиште има завршува во СОУ ,, Гоце Делчев ,, природно математичка насока. Во 1996г. своето факултетско образование го завршува на Педагошки факултет ,,св. Климет Охридски ,, во Скопје во 2000г. Со титула магистер по спортски менаџмент се стекнува во 2020г. Својот талент и темперамент го покажува уште од својата шестгодишна возраст каде за првпат станува член на гимнастички клуб ДТВ ,, Партизан,, во Куманово а подоцна и како член на балетското училиште при НУЦК ,, Трајко Прокопиев ,, под водство на примабалерина Натка Пенушлиска. Балетското образование продолжува паралелно со изучување на модерни танци како член на групата ,,МАК,, во НУЦК,, Трајко Пропокиев,, формирана од професор Стојадин Ивановски – Дине. Во групата останува да членува се до својата деветнаесетгодишна возраст, кога за првпат станува и кореограф. Своето кореографско образование продолжува да го гради преку семинари и различни форми на балетска едукација надвор од државата. Во 2024 и 2025г. своето танцово искуство го проширува во Њујорк на танцова академија Broadway Dance Center и
Peridance Dance Center, како и во Millenium Dance Center во Лос Анѓелес во Калифорнија. Своето кореографско дејство го продолжува во градот Штип и Куманово. Во 2014 г станува главен тренер и кореограф на групата ,, МАК,,. Мерлин Стојановска како главен кореограф на Dance Studio Mak е лиценциран тренер по модерни и спортски танци од 2018г. Со групата настапува на домашни натпревари, фестивали, програми, театарски сцени и на различни културни програми и настани во градот и надвор од него. Надвор од границите постигнува со години наназад одлични резултати на бројни меѓународни натпревари меѓу кои еден од престижните натпревари е прво место на ,, Денс Фест ,, Нови Сад во Србија од 2012-2024г, во категорија деца и младинци, прво место во Словенија, во Брежице 2019-2025г, во категорија деца и младинци ,прво место во Албена и Хасково во Бугарија , во категорија деца и младинци ,прво место во Рим, Италија 2016г во категорија деца и младинци и многу други натпревари и фестивали. Во февруари 2020 г освои 2 први места во категорија деца, во март 2020 год на светско првенство во Москва , Русија освои 4 златни медали во категорија јуниори и сениори, во 2021 год во Рим освои 1 место на светско првенство. Забележува успех на многу европски натпревари како што се во Загреб,Осијек,Вараждин и Задар во Р Хрватска, Виена, Австрија, Прага, Чешка и др. Во 2024г во Подчетртек, Словенија на европско првенство во модерни танци IDO во соврменен танц соло категорија деца го освоио 19 место од 62 натпреварувачи.
Фестивали, проекти, сценски продукции, мисија и визија
Dance Studio Mak ( ТСК Мерлин) е организатор е на единствен меѓународен фестивал за модерни танци ,, Денс Фест ,, кој се одржува секоја година во Куманово. Има реализирано преку 30
претстави и завршни концерти. Седма година по ред е редовен учесник на Европска недела на спортот во организација нa Министерство за спорт и туризам. Учесник на сите спортски и културни манифестации во градот и пошироко. Танцов Спортски клуб Мерлин има бројни проекти во областа на култура реализирани семинари, претстави, наптревари, фестивали, снимени промотивни спотови за градот и за локалните музички ѕвезди и др. Dance Studio Mak предводена од Мерлин Стојановска се учесници на Театарска претстава- мјузикл за деца и млади ,, Авантурите на Капетанот Џон Пиплфокс“ и ,, Аладин во царството на соништата “ според приказната ,,Илјада и една ноќ“ во режија на Мерлин Стојановска каде се јавува целиот тим , членови на Dance Studio Mak од Куманово. Во рамки на студиото работи драмска секција и соло и хорско пеење за потребите на Dance Studio Mak.
Мисијата на Dance Studio Mak е:
Мисијата на Dance Studio Mak е да создава простор каде што танцот е средство за раст, а не само вештина. Преку континуирана едукација, креативна работа и сценско искуство, студиото ги охрабрува децата и младите да ја развиваат својата индивидуалност, телесна свесност и уметнички израз, градејќи здрави личности кои знаат да работат во тим, да комуницираат и да се
изразат слободно и одговорно. Dance Studio Mak тежнее да биде препознатлив културно-едукативен центар кој ја поврзува уметноста, воспитувањето и современите танцови практики. Нашата визија е да воспитаме генерации кои не се само добри танчери, туку креативни, самосвесни и активни учесници во
културниот живот, способни да го пренесат стекнатото знаење и вредности на локално и меѓународно ниво.