ПРОГРАМА ЗА РАБОТА ПО ВОЗРАСНИ ГРУПИ

ПРЕДУЧИЛИШНА ГРУПА (3–5 години) Бејби Тим

Цел

Развивање љубов кон движењето и музиката преку игра, фантазија и основна моторика.

Фокус на работа

-Основна координација и ориентација во простор
-Развој на ритам, баланс и телесна свесност
- Поттикнување имагинација и креативно движење
- Социјализација и работа во група

Методологија

Игра, приказни, музички игри, едноставни кореографии со јасна структура.

Резултати

Детето стекнува сигурност во движењето, основна дисциплина и позитивен однос кон танцот.

МЛАДА ДЕТСКА ГРУПА (6–7 години) Мини Кидс

Цел

Создавање стабилна основа за понатамошен танцов развој.

Фокус на работа

- Основи на модерен танц и балетска техника
- Развој на ритмичност, флексибилност и сила
- Учење на кратки кореографии
- Разбирање на сценски правила и тимска работа

Методологија

Комбинација од техника, игра и креативни задачи со едноставна кореографија

Резултати

Подобра координација, музикалност и подготвеност за сценски настапи.

ДЕТСКА ГРУПА (8–12 години)

Цел

Продлабочување на техниката и свесноста за телото како изразно средство.

Фокус на работа

- Основи на модерен, џез и урбан стил на танци
- Контрола на движење и динамика
- Прва работа на израз и емоција преку танц
- Учество на настапи, фестивали и ревијални програми

Методологија

Структуриран тренинг со јасна техничка и креативна компонента.

Резултати

Стабилна техника, зголемена самодоверба и сценско присуство.

ЈУНИОРСКА ГРУПА (13–16 години)

Цел

Развивање уметничка зрелост и индивидуален стил.

Фокус на работа

- Напредни елементи од модерен, џез и урбан стил на танци
- Работа на кореографска меморија и изразност
- Телесна кондиција и контрола
- Активно сценско искуство и натпреварувачки настапи

Методологија

Комбинација од техника, импровизација и анализа на кореографии.

Резултати

Формирана танцова личност со јасен сценски идентитет.

СЕНИОРСКА ГРУПА (16+ години)

Цел

Професионална подготовка и креативно осамостојување.

Фокус на работа

-Напредна техника и комплексни кореографии
- Истражување на движење и сценски концепти
- Работа на сопствен израз и перформанс
- Подготовка за фестивали, проекти и продукциски настапи

Методологија

Истражувачки и продукциски пристап со висок уметнички стандард.

Резултати

Зрели танчери подготвени за сериозни сценски и уметнички предизвици.

РЕКРЕАТИВНА ГРУПА (возрасни)

Цел

Одржување физичка форма, психофизичка релаксација и уживање во танцот.

Фокус на работа

Движење за здравје и кондиција
- Основна техника и кореографија
- Ослободување од стрес и развој на самодоверба

Резултати

Подобро тело, позитивна енергија и активен животен стил.

Распоред

Понеделник

17-18ч Бејби Тим
18-19.30ч. Кидс3
19.30-21ч Кидс1
21-22.30ч Јуниори урбан танц

Вторник

17.30-18.30ч Мини Кидс
18.30-20ч Кидс2
20-21.30ч – Кидс урбан танц
21-22.30ч – Јуниори современ танц

Среда

17-18ч Бејби Тим
18-19.30ч. Кидс3
19.30-21ч Кидс1
21-22.30ч Јуниори урбан танц

Четврток

17.30-18.30ч Мини Кидс
18.30-20ч Кидс2
20-21.30ч – Кидс урбан танц
21-22.30ч – Јуниори современ танц

Петок

17-18ч Бејби Тим
18-19 ч. Мини Кидс
19- 20.30 ч Кидс3
20.30- 22 ч индивидуални часови/ сениориски тим

Сабота

11-12.30ч – Кидс 2
12.30-14ч – Кидс урбан
14-15.30ч – Јуниори урбан танц
15.30-17ч – Јуниори современ танц
17-18.30ч – Кидс 1
18.30-20ч сениорски тим
20-22ч индивидуални часови