Mak Dance Fest

Денс Фест е реномиран меѓународен танцов фестивал со традиција од 14 години, кој претставува значајна платформа за развој, промоција и афирмација на современиот танц и кореографска креативност. Фестивалот низ годините израсна во место за средба на танчери, кореографи и танцови школи, создавајќи сцена каде што во фокус се идејата, движењето и уметничкиот израз.
Од Денс Фест произлезе идејата за Mak Dance Fest кој премина во нова развојна фаза и прераснува во натпреварувачки формат, задржувајќи ја својата основна мисија – да го препознае и поддржи квалитетот и кореографската креативност. Преку селекција на стручно жири составено од меѓународни и национални судии, најдобрите 20 кореографии од Мак Денс Фест ќе добијат можност да бидат изведени на големото финале, кое го носи името Денс Фест.
Мак Денс Фест не е само настан, туку континуиран процес – патување од идеја до сцена, од креација до признание. Тој е простор каде што младите таленти добиваат видливост, кореографите – потврда за својата работа, а публиката – врвно танцово искуство. Сите заинтересирани танчери, кореографи и танцови клубови се поканети да се пријават и да станат дел од Mak Dance Fest.
Ако создавате авторски кореографии, истражувате движење и сакате вашата работа да биде видена, вреднувана и препознаена – ова е вистинската сцена за вас. Live. Love. Dance. – бидете дел од енергијата, страста и уметноста што ги спојува танчерите од целиот свет и доживејте сцена каде што движењето зборува погласно од зборовите.